ЈАВЕН ПОВИК за избор на најдобар бизнис план во средните училишта во Општина Кавадарци

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ОБЈАВУВА
29.04.2024

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на најдобар бизнис план во средните училишта во Општина Кавадарци

            Услови за учество и наградување:

  1. Право на учество на јавниот повик имаат средношколци/ки од СОУ гимназија ,, Добри Даскалов” ЗШУЦ ,, Ѓорче Петров” и СОУ ,, Ќиро Спанџов-Брко”.
  2. Секој апликант/ка на јавниот повик може да аплицира само со еден бизнис план, а со еден бизнис план може да учествува најмногу тим од најмногу 4 (четири) лица
  3. Бизнис плановите треба да бидат изготвени согласно стандардите за пишување на бизнис план

Јавниот повик е отворен од 29.04.2024  до 15.05.2024 до 16:00 часот

Трите најдобри бизнис планови ќе добијат парични награди:

I награда: 12.000 денари

II награда: 9.000 денари

III награда 6.000 денари

 и дополнителна менторска поддршка од Агенцијата за вработување. Бизнис плановите ќе ги оценува стручна комисија.

Достава на бизнис планот:

Готовиот бизнис план во 1 пишан примерок може да се испрати по електронска пошта на e-meil; kamcevamarija59@yahoo.com или во Граѓански информативен центар на општина Кавадарци  со назнака: ,,За избор на најдобар бизнис план”.

За дополнителни информации во врска со јавниот повик можете да се обратете кај координаторот за еднакви можности на општина Кавадарци  Марија Камчева на 072/218-772