Општина Кавадарци
ОТЧЕТ градоначалник Александар Панов комунална изградба 2009-2011 PDF Печати Е-пошта

Почитувани граѓани, во времето кога се навршија три години од комуналната изградба, согласно мојата и определбата на партијата ВМРО-ДПМНЕ, пред вас ги претставувам резултатите од комуналната изградба во општина Кавадарци. Изминатите три години согласно програмските определби се реализирани голем број комунални и јавни објекти. Тие рзултати ги постигнавме пред се благодаејќи на вашата доверба.

Заедно направивме многу, но секогаш можеме повеќе кон заедничката цел: Кавадарци  над сите !

 

градоначалник

Александар Панов

img_8173

 

.

 
Јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Советот за превенција од малолетничко престапништво PDF Печати Е-пошта

 

 

img_3664

Врз основа на член 36 став 1 точка 1 od Zakonot za lokalna samouprava (“Sl.vesnik na RM” br.05/2002) член 82 став 1 точка 56 од Статутот на Општина Кавадарци („Сл.Гласник на Општина Кавадарци”  бр.08/05), а во врска со член 147 став 1 од Законот за малолетничка правда(„Сл.весник на РМ” бр.87/07), член 4  од Одлуката за формирање на Општински совет за превенција од малолетничка претстапништво на град Кавадарци, Советот на Општина Кавадарци , објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА 2 (ДВА) КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ

ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД МАЛОЛЕТНИЧКО ПРЕТСТАПНИШТВО НА ГРАД КАВАДАРЦИ

 

1. Се покренува постапка за избор на 2 (два) членови на Општинскиот совет за превенција од малолетничко претстапништво на град Кавадарци.

2. Општинскиот  совет за превенција од малолетничка претстапништво на град Кавадарци се именува за вршење на работи за следење на состојбите, покренување иницијативи за нивното подобрување и развивање програми за вклучување на локалната заедница во превенција на малолетничкото претстапништво и третманот на малолетните сторители на кривични дела и прекршоци.

 

  1. Општински совет за превенција од малолетничко претстапништво на   град Кавадарци има 25 членови .

Членовите на советот се именуваат за време од пет години, со право на повторен избор.

 

  1. За членови на Општинскиот  совет за превенција од малолетничка претстапништво се именуваат претставници од подрачните единици и тоа :

-        од Министерството  за внатрешни работи;

-        од Министерството за труд и социјална политика;

-        од Центарот за социјална работа;

-        од Советот на родители во основните училишта/од секое училиште по еден претставни-психолог или педагог/

-        од Унијата на средношколци;

-        од Адвокатската комора;

-        од здруженијата на грагани и фондации,/кои работат на полето на заштитата и правата на децата;

-        Јавен обвинител кој работи на областа на малолетничката деликвенција ;

-        судија за малолетници односно судија определен од Претседателот на судот;

-        од медиумите

 

Надлежните институции и тоа:Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Центарот за социјална работа, Јавното обвинителство и Судот се должни да предложат кандидати за членови на Советот.

 

5.   При предлагањето на кандидатите се поднесуваат следните документи кои се во прилог на овој јавен повик :

- СМ-1- (Образец-Предлог кандидат за член на Советот)

- СМ- 2- (Образец – Согласност за прифакање на кандидатурата)

- СМ-3 – (Образец- Согласност дека кандидатот за член на Советот е предложен согласно актите на институцијата)

 

Документите мора да бидат потпишани и заверени од страна на овластено лице на институцијата која го предлага членот.

-        за кандидатите номинирани од Здруженија на граѓани, обрасците СМ-1 и СМ-3 треба да бидат потпишани и заверени од страна на застапникот на здружението;

-        за кандидатите номинирани од Унијата на средношколци, од советите на родителите, обрасците СМ-1 и СМ-3 треба да бидат потпишани и заверени од  страна на директорот на училиштето

-        за кандидатите од сите останати институции , обрасците СМ-1 и СМ-3 треба да бидат потпишани од одговорното лице на институцијата.

 

  1. Предлагачот е должен покрај наведените документи во точка 5 да приложи:

-        Кратка биографија на кандидатот со ЦВ,

-        Фотокопија од регистрација на здружението.

 

7.    Кандидатите мора да ги исполнуваат следниве критериуми:

 

-           Минимум 1 година искуство во институцијата каде работат;

-           Претходно искуство во организирање и спроведување на превентивни активности, на спроведување на малолетничка правда и заштитата на правата на децата;

-           претходно да работеле на заштитата на интересите на малолетниците

-           Искуство во различни типови на неформални образовани активности (обуки, семинари, работилници и др).

 

 

 

 

  1. Критериумите од точка 7 не се однесуваат за членовите од Советот на родители во основните училишта, од средните училишта, и од унијата на средношколци, а право да аплицираат имаат и сите НВО.

 

  1. Со цел еднаква застапеност на сите селектирани организации ке биде селектиран по еден претставник од секој тип на организирана група која ке аплицира на повикот.

Ненавремените документи и нецелосната документација нема да се разгледува.

 

10.  Рокот за поднесување на предлози за  кандидат за членови на Советот на Град Кавадарци е 8 дена од објавувањето на овој јавен повик.

 

Потребните обрасци од точка 5 кои се прилог на потребната   документација можат да се подигнат во соба бр.34 –Општина Кавадарци.

 

11. Предлозите за кандидати за членови на Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци , со назнака “Предлог кандидат за избор на членови на Советот”, се доставуваат на адреса:

 

Општина Кавадарци

-Комисија за мандатни прашања избори и именувања

“Плоштад Маршал Тито”бб Кавадарци.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ПРЕТСЕДАТЕЛ,

м-р по екон.науки Илија Тренчев

 
Потпишан договорот за реализација на проектот „Форум на заедниците“ Кавадарци-Росоман PDF Печати Е-пошта

 

Денеска во кабинетот на градоначалникот на Кавадарци беше изврешено потпишувњето на договорот за реализација на проектот Форум на зедниците со што се влезе во втората фаза на соработката меѓу општините Кавадарци и Росоман. Договорот го потпишаа градоначалникот на Кавадарци Александар Панов, градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов и претставници на фирмата имплементатор на договорот „Алка“ од Скопје во името на Швајцарската агенција за развој и соработка.

img_0723

Повеќе...
 
Општина Кавадарци со ново работно време PDF Печати Е-пошта

 

 

 

Соопштение:

 

Локалната самоуправа, општина Кавадарци ги известува граѓаните и корисниците на услугите на општината, дека почнувајќи од понеделник 14 мај 2012 година, ќе изврши промена на работното време.

Службите во општина Кавадарци ќе започнуваат со работ во 07.00 часот наутро  и ќе работата со граѓаните и странките до 15.00 часот попладне, секој работен ден.

Новото работно време ќе биде на сила во наредните 60 денови, временски период во кој интензивно ќе се спроведуваат градежни работи во ентериерот на зградата на Општината.

Се молат граѓаните да имаат разбирање за новото работно време на локалната администрација, бидејќи со оваа интервенција ќе се изврши внатрешно реновирање на објектот со цел да се обезбедат поквалитетни услови за работа во извршувањето на услугите кон граѓаните

 

 

 

Локална Самоуправа Кавадарци

градоначалник

Александар Панов

 
51 редовна седница на Советот на општината Кавадарци. Заклучоци за лозарството PDF Печати Е-пошта

 

img_0532

Советот на општината Кавадарци на својата  51 редвна седница расправаше по точка од дневниот ред посветена на проблемите во лозарството. Советниците усвоиа повеќе заклучоци во интерес на постепеното разрешување и надминување на проблемите во лозарството.

 

ЗАКЛУЧОЦИ

1. Комисијата за Лозарство и винарство и комисијата за Земјоделство при општина Кавадарци се задолжуваат да организираат научна дебата за подготовка на измени на Законот за вино и Законот за земјоделство и рурален развој, каки и иницирање за донесување на посебен Закон за лозарство.

2. Советот на општина Кавадарци да формира работно тело од општинската администрација со надворешни стручни лица какосервис на Комисиите за Земјоделство и Лозарство и винарство.

3. Советот на општина Кавадарци се залага за најстрикно почитување на законските рокови за исплата на откупеното грозје, согласно Законот за земјоделство и рурален развој и Законот за вино, како и превземање на сите законски мерки за непочитување на истите.

4. Советот на Општина Кавадарци непосредно инсистира кај менаџерите и газдите на фирмите кои откупуваат грозје во најкраток рок да си ги извршат договорните и законските обврски за исплата на откупеното грозје

5. Локалната самоуправа на општина Кавадарци предлага да се отвори контролна вага независна од вагите на откупувачите, заради намалување на злоупотребата кои во досегашната пракса при откуп беа еминентни.

6. Советот на Општина Кавадарци препорачува континуирано да се исплаќаат субвенциите без да се чека крајниот рок за исплата 30 јуни.

7. Советот на Општина Кавадарци се залага Владата на РМ да донесе одлука за превземање на старите долгови за воден надомест од водокорисниците кон Водостопанство „Тиквешко Поле" во ликвидација, за кои има правосилни извршни решенија.

8. Советот на Општина Кавадарци се залага Владата на РМ да донесе одлука за обештетување на лозарите зафатени од елементарна непогода - град с. Ваташа и с. Ресава, доколку Владата на РМ не донесе одлука за истата намена.

25.04.201год.
Кавадарци

Совет на општина Кавадарци

претседател:

м-р по економски науки Илија Тренчев
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 1 од 24

Пребарување

Градски олимписки базен Јавна анкета за реконструкција и ревитализирање на Градскиот олимписки базен Со:

Јавна анкета за реконструкција и ревитализирање на Градскиот олимписки базен Со:
 

Анкета

Дали сте задоволни од услугите на општината?
 

Кој е онлајн

Има 6 гости присутни
Општина Кавадарци