- Министерот за животна средина Јакупи во посета на Фени индустри PDF Печати Е-пошта

Фени ќе плати 10 милиони денари на државата за еколошка дозвола

-        Министерот за животна средина Јакупи во посета на Фени индустри

Фени индустри е првата компанија во земјава која ја доби “А“ интегрираната еколошка дозвола и прва која ќе плати надоместок на државата за истата во висина од 10 vo tekstotмилиони денари. Тоа беше и главниот повод за посетата на министерот за животна средина и просторно планирање,  Неџати Јакупи на комбинатот за производство на феро никел.                                                                                 

Раководоството на “Фени“ го запозна министерот со одржувањето на еколошките стандарди, заштитата на животната средина и планирањата во делот на екологијата за наредниот период. ,,Исполнет е законскиот рок кога треба да го утврдиме надоместокот за усогласување со оперативниот план. Ги констатиравме реализираните активности и планираното за наредниот период. Утврдуваме еден дијалог и соработка меѓу институциите за животна средина и индустријата.“ рече Јакупи во изјавата за медиумите и нагласи дека според однапред утврдена  формула  “Фени“ на државата ќе треба да и плати  надоместок од близу 10 милиони денари. Тој напомена дека Фени ја има добиено интегрираната еколошка дозвола благодарение на реализираните активности за заштита на животната средина, изградбата на еден филтер, направените студии и елаборати како и периодичните чистења  на мрежните филтри. Министерот потенцира дека Фени има обврска до 2014 година да изгради уште еден филтер, но да ги третира и отпадните води. Првите луѓе на комбинатот за производство на фероникел очекуваат да заврши рецесијата и да продолжат со планираните инвестиции. Задоволни се од соработката со министерството за животна средина особено со локалната самоуправа. ,,Направивме една ревизија на нашите обврски од дозволата. Ние сме во рамките на тоа што претставуваа таа дозвола“ рече генералниот директор на “Фени“,  Константинос Даскалакис. Тој најави дека со завршувањето на рецесијата,  компанијата ќе продолжи со реализација на  развојните  проекти, а ќе го зголеми и производството. Даскалакис потврди дека ќе започнат со продажба и на отпадот  која досега се собираше над селото Возарци. ,,Веќе во март ќе го направиме првиот извоз на троска. Поставена е соодветна опрема за дробење. Тоа е во заеднички интерес и на Фени и на животната средина. “ вели Дасакалакис. Извршниот директор на Фени индустри,  Михајло Михајловски,  потврди дека компанијата во овој период,  споредено  со истиот период минатата година веќе го натфрлила своето производство за нешто помалку од 50 отсто. За годинава планирано е производство на 14.000 тони никел по цена од 18.000-20.000 долари за тон. Во моментов во Фени се вработени 900 лица, директно во фабриката, а уште 400 лица од други фирми работат за Фени. ,,Сите обврски од интегрираната дозвола ги исполнуваме. Поради кризата некои обврски ги успоруваме. Побаравме и нивно мало пролонгирање . 7 милиони евра инвестиравме за екологија, а уште 14 милиони ќе инвестираме. До 2014 ќе ги завршиме сите обврски“ рече извршниот директор на кавадаречки Фени. На средбата во ФЕНИ Индустри беше и претседателот на Општинскиот совет Илија Тренчев. Според него комбинатот и неговиот ангажман во соработката со општината е од исклучителна важност, а ФЕНИ повеќепати досега покажал дека е заинтересиран и за соработка со општината. Потврда за тоа е фактот што за гроздоберот најголем донатор наместо винариите е токму произв3одителот на фероникел. Ов2аа исклучително добра соработка ќе продолжи и понатаму , а тоа го ветуваат и раководните луѓе на комбинатот.

 

Пребарување

Анкета

Дали сте задоволни од услугите на општината?
 

Кој е онлајн

Има 328 гости присутни
Општина Кавадарци