Поставување на патокази PDF Печати Е-пошта

 

Одбележани излезите од автопатот Е-75 кон Кавадарци

Со посредство на Тиквешки вински пат и локална самоуправа обезбедена е донација од министерството за економија за поставување на патокази на автопатот Е-75 после наплатната рампа  кај Градско и пред свртувањето кон Неготино кај бензинската пумпа на Макпетрол. Исто така поставени се и два знака на регионvo tekstotалниот патен правец Градско-Прилеп кај бензинската пумпа во Дреново и кај бензинската пумпа на Црна река во Росоман пред свртувањето за Кавадарци.

Поставените патокази се со десен правец, а како што инфомрираа од локална самоуправа во фаза на изработка се и патокази со лев правец. Во текот на годината ќе се изготват и специјални патокази за знаменитостите и за тиквешкиот вински пат. Во рамките на советот на градоначалници од Вардарскиот регион договорено е да се направи туристичко одбележување во тиквешкиот регион на автопатот Е-75 со големи портали. Во меѓувреме во подготовка се патокази за поважните институции во Кавадарци и одбележување на специфични историскo културни и стопански места во Кавадарци.

32

 

Пребарување

Анкета

Дали сте задоволни од услугите на општината?
 

Кој е онлајн

Има 422 гости присутни
Општина Кавадарци