Транспарентна општина PDF Печати Е-пошта

 

Општина Кавадарци меѓу 13 –те во проектот Транспарентна општина

 

ПОДОБРУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИТЕ КАПАЦИТЕТИ И ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА

 

Во работна посета на Локалната самоуправа Кавадраци беше делегација од ЗЕЛС предводена од Ирена Николов Советник тренинг –координатор и Зоран Јачев проект менаџер - независен експерт по транспарентност и односи со јавноста. Тие беа примени од претседателот на Општинскиот Совет Илија Tренчев.

Целта на посетата беше вклучувањето на општината Кавадарци во проектот „Транспарентна Општина“. Овој проект во себе вклучува повеќе компоненти кои се однесуваат на комуникацијата во рамките на општинската администрација на хоризонтално и на вертикално ниво, како и за транспарентноста на општината надвор од неа кон бизнис заедницата, а  особено кон граѓаните. На состанокот присуствуваа и раководителите на секторите и одделенијата во Локалната самоуправа кои по природата на работата имаат секојдневна комуникација меѓусебе, а особено со граѓаните и јавноста.  Општината Кавадарци е една од вкупно тринаесетте во Македонија кои во наредниот период ќе бидат вклучени во реализацијата на проектот. Планирано е да  се направат серија тркimg_5895алезни маси на кои би учествувале претставници од општините, граѓанските здруженија, невладиниот и бизнис секторот. На тие средби би се разгледувале проблеми и ќе се разменуваат сознанија и искуства во односите на релација Општина-Бизнисмени-невладин сектор - граѓани. Намерата е да се подобри комуникацијата меѓунив со една единствена цел што поголема транспарентност, односно отвореност на локалната власт кон оние за кои всушност и постои, а тоа се граѓаните и  локалната  бизнис заедница. Претседателот на Советот Илија Тренчев со задоволство ја прифати идејата за еден ваков проект, притоа нагласувајќи дека  новата општинска власт веќе обезбеди неколку сегменти во правец на подобрување на отчетноста и транспарентноста на општина Кавадарци, а тоа е печатењето на локалниот Кавадаречки весник, како и профункционирањето на новата ВЕБ страница на општината каде преку посебни портали граѓаните имаат непречен пристап до сите информации и документи за апликација поврзани со работата на локалната администарција. Но не испушти да напомене дека чекорот на ЗЕЛС е мошне значаен бидејќи она што е направено во овие девет месеци иако е  видливо, сепак е недоволно, па од таму учеството во проектот ќе допринесе многу во подобрувањето на транспарентноста во работата како   и  во  комуникацијата со граѓаните.

img_5896img_5897

 

 

 

Пребарување

Анкета

Дали сте задоволни од услугите на општината?
 

Кој е онлајн

Има 447 гости присутни
Општина Кавадарци