| Отстранување на лимените гаражи во новиот центар |
|
|
|
|
Се расчистува теренот за изградба на нова соборна црква Општина Kавадaрци и Македонската православна црква, Повардарска епархија ги започнуваат подготовките за расчистување на теренот каде треба да се гради новата соборна црква.
Станува збор за локацијата која и претходно според Генералниот и Деталниот урбанистички план беше наменета за соборен храм, а е помеѓу хотелот ФЕНИ и Зградaта на Управата за Приходи во новиот цернтар на градот. За таа цел Локалната самоуправа Кавадарци ги известува сопствениците на лимените гаражи кои се поставени над паркинг просторот помеѓу зградата на Управата за приходи и хотелот Фени истите доброволно да ги отстраната. Претходно треба да се јават кај надлежниот градежен инспектор во зградата на Локалната самоуправа Кавадарци соба бр 11 секој работен ден од 8,30 до 16,30 часот заради евиденција. Општината ги информира сопствениците на гаражите нивното доброволно отстранување да го извршат во рок од петнаесет дена и тоа во периодот од 05.02. до 20.02. 2010 година. Доколку гаражите не бидат отстранети од сопствениците, по истекот на предвидениот рок Локалната самоуправа ќе пристапи кон нивно присилно отстранување и тоа на трошок на сопствениците.
|






