|
|
Локалната администрација прва даруваше крв во 2010 |
|
|
|
|
Првата крводарителска акција во 2010 година се одржа во општинатa
Се пријавија 50, а крв даруваа 46 лица.
Во организација на Републичкиот Завод за трансфузиологија и општинската организација на Црвениот крст на Кавадарци во просториите на локалната самоуправа Кавадарци се одржа крводарителска акција.
 По традиција неколку години наназад токму општинската администрација и вработените во подрачните единици на министерствата се првите кој на почетокот од секоја календарска година доброволно даруваат крв. На првата акција се пријавија вкупно педесет потенцијални дарители, од кои на задолжителниот преглед поминаа 46 вработени кој даруваа крв. Екипата трансфузиолози на крајот од работниот ден беше задоволна од собраната количина на крв. Нескриеното задоволство го потврдија со фактот што и годинава локалната администрација се покажа како мошне хумана.
 
|
|
|
Кој е онлајн
Има 298 гости присутни
|