|
|
Комунална изградба во 2009 |
|
|
|
|
Комуналната изградба лани се одвиваше континуирано.
ЗА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ФИНАНСИРАНИ ОСУМДЕСЕТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ
Реконструирана водоводна и канализациона мрежа и асфалтирани улици
Од Април до Декември минатата година новата општинска власт предводена од градоначалникот Александар Панов и ВМРО-ДПМНЕ главен акцент стави врз комуналната изградба. Со пари од граѓаните, општината Владата и Европската Комисија лани за комунална изградба во општината се инвестирани 79.240.000,00 денари или 1.290.000 евра.
За основни комунални дејности улици, водовод, канализација, партерно уредување се инвестирани 50.940.000 денари, за други комунални услуги 14,000,000 денари. За урбанизации с  е потрошени 2.000.000 денари, а од Европската Комисија се инвестирани 12.300.000 денари. Со овие пари лани се aсфалтирани улици во вкупна должина од 5,590 метри и тоа во градот, селата и на Тиквешкото Езеро. Поплочени се 2.500 метри улици, патишта и тротоари. Во делот на реконструкциите на водоводната и канализационата мрежа вградени се нови цевки за водоснабдување во должина од 7.420 метри, а за канализација во должина од 1.750 должни метри. Изградени се цвеќарници меѓу коловозните ленти на булеварите во должина од 400 метр и, а се подигнати и 100 метри потпорни ѕидови. Реконструиран е кејот на реката „Луда Мара во должина од 847 метри. Во делот н а сообраќајот во светлосна, хоризонтална и вертикална сигнализација се инвестирани 1.100.00 0 денари. Во урбаната опрема се вложени 600.000 додека за набавка на метларки и косачки за трева се инвестирани 1.000.000 денари. Сето ова е остварено со 100% реализација и е на располагање и користење на граѓаните на Кавадрци и општината.
 


|
|
|
Кој е онлајн
Има 408 гости присутни
|