|
|
Делегација на општината во Перник |
|
|
|
|
Делегација на општината предводена од претседателот на Советот во посета на Бугарија
ДОГОВОРЕНА ИНТЕНЗИВНА БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА
Делегација на општината Кавадарци предводена од претседателот на Советот Илија Тренчев во која беа советниците Весна Коцева, Ристо Сакалиев како и вишиот соработник за култура од Локалната самоуправа Милка Тотовска , беше гостин на 19 Меѓународен фестивал на маскарадни игри „Сурва“ кој од 29 - 31 јануари се одржа во градот Перник Република Бугарија.
Во карневалското дефиле како гости на фестивалот учествуваа и Џаламарските групи од кавадаречките села Бегниште и Ресава. Во протоколарниот дел од посетата нашата делегација како единствена од сите гости имаше официјален прием кај градоначалничката на општина Перник г-ѓа Росица Јанакиева , каде се задржа на подолг конструктивен и пријателски разговор, при што Тренчев ги пренесе поздравите од градоначалникот Александар Панов. Во делот на билатералната соработка од страна на домаќинката, на Локалната самоуправа Кавадарци и е понудена бесплатна обука за двајца службеници од општината во траење од еден месец. Станува збор за конкретна помош во едукација за изготвување на апликации за проекти со кои Локалната Самоуправа ќе конкурира за парите од европските фондови. Инаку на официјалната вечера свое обраќање имаше претседателот на советот Илија Тренчев кој од името на граѓаните на општината ги пренес поздрави до граѓаните на Перник кој е пријателски карневалски град на Кавадрци. За значењето на настанот говори податокот што перник од минатата година е прогласен за Европска престолнина на Џаламарските игри. Меѓу гостите на фестивалот беше и претседателот на Светската асоцијација на карневали,а покрај делегацијата од Кавадарци претставници на Макдеонија беа и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, како и претседателот на организациониот Одбор на струмичкиот карневал Цицимов.
 

|
|
|
Кој е онлајн
Има 435 гости присутни
|