Град на културата 2010 PDF Печати Е-пошта

Промовирани две книги од д-р Зоран Тодоровски

ИСТОРИЈАТА ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ИСТОРИЈА

Текстовите припаѓаат на повеќе тематски целини

 

Како нов вовед во годината во која Кавадарци е македонскиот град на културата, во средата навечер се случи исклучителен настан. Беа промовирани две книги од проф д-р Зоран Тодоровски. Станува збор за две книги првата со наслов „ИД  ЕГО СУМ“ (македонски историски рефлекси) и втората насловена „МЕМЕНТО“ (македонски историски реминисценции). Делото „МЕМЕНТО“  („СЕЌАВАЊА“) кое неодамна го објави книгоиздателството „Македонска реч“ од Скопје содржи дваесеттина историографски трудови што се резултат на архивските истражувања во македонскиот и  во архивите во странство. Овие трудови претходно се објавени како фељтони во дневниот и периодичниот печат.

Станува збор за новооткриени документи и сознанија откриени во балканските архиви. Текстовите се поделени во четири тематски целини и тоа: Необјавени спомени на истакнати македонски револуционери кои припаѓале на македонската револуционерна десница, како и на граѓанската опција, а кои во претходниот систем беа познати само за мала група привилегирани историчари од старата гарда, врз кои тие градеа кариери умилкувајќи се на левите владејачки македонски револуционерни структури во претходниот режим, свесно потиснувајќи ги во заборав Петар Шандаров, Крсто Лазаров - Коњушки, Христо Калајџ3иев и други македонски дејци.

Втората целина се однесува на ракописи и материјали на истакнати револуционери на македонската емиграција во Бугарија.

Третата содржи прилози за малку познати настани и личности од македонското револуционерно минато, како што е Тиквешкото востание од 1913 година.

Во четвртиот дел се дадени осврти за одделни  појави во македонското ослободително движење.

Втората книга „ИД  ЕГО СУМ“ („ТОА СУМ ЈАС“) е всушност зборник на написи, колумни, ставови, коментари, реагирања, полемики и интервјуа по одредени историски теми и современи политички состојби објавени во периодот од осамостојувањето на Македонија до 2007 година.

За авторот Тодоровски идејата водилка во пишувањето е  историјата да се сфати само како историја во која научните факти и авторските написи на револуционерните дејци од сите провиненции ќе ни ја претстават сликата за големината или беззначајноста на нивните дела. Целта на овие дела  е да не го остави читателот рамнодушен, напротив да го натера на размислување кое кај него ќе отвора дилеми и провокација.

Овие две дела  на Тодоровски се значаен придонес во македонската историографија, а особено во раздвижувањето на македонската современа научна мисла на почетокот од 21 век. Промоцијата ја овозможи Локалната самоуправа и градоначалникот, а промотори беа Петре Камчевски, проф. д-р Даринка Петреска и публицистот Братислав Ташковски.

5

2

4


 

Пребарување

Анкета

Дали сте задоволни од услугите на општината?
 

Кој е онлајн

Има 454 гости присутни
Општина Кавадарци