| Одговор на прес конференција |
|
|
|
|
Почитувани граѓани вчерашната прес конференција на Општинската Организација на Социјал Демократскиот Сојуз - Кавадарци е уште една потврда за перфидниот рашомонски- по нашки сплеткарошки пристап во водењето на нивната погубна популистичка политика каде памфлетот а не силата на аргументите е водечкиот пристап кон општењето со народот. Мајсторите за извртување на вистината уште еднаш се покажаа на дело со вадење на зборовите од контекст. Седниците на Општинскиот Совет се јавни и транспарентни. Споменатата 14-та ја видоа граѓаните на локалните телевизии. Каде во неа имаше пародија?- тоа го знаат само грогираните локални политичари од кавадаречкиот СДСМ. Ако пародијата и комедијата ја гледаат во некултурното и непринципиелно однесување на нивниот некогашен ПАЈТАШ и СИГУРЕН ФИКС на Владо Бучковки и СДСМ за кандидат на претходните локални избори Панчо Минов, тогаш забелешката им е во ред. Но, понесени од потребата да ги има на ТВ по секоја цена без да размислат за тежината на сопствено искажаниот збор, тогаш се обраќаат на погрешна адреса, бидејќи пародија на седницата немаше. Потврда за тоа е искажаното задоволство на советници на СДСМ од одговорите на градоначалникот на нивните советнички прашања. За сериозноста во пристапот на одговорите на сите советнички прашања говори фактот што како градоначалник не оставив ниту едно неодговорено прашање. А сите советници јавно пред камерите искажаа задоволство од добиените одговори. Околу концептот на водењето на општината, повеќе од сигурно е дека го има. Само „скршете нога“ за прошетка до Кејот “, запознајте ги улиците Галишка, Ресавска и уште дваесет други, влезете во зградата на Факултетите или потрчајте малку за рекреација по спортските терени, а ако ви студи скоро ќе ја направиме спортската сала во шумарското училиште. Доколку преферирате автомобил, застанете на црвено или поминете на зелено на новите семафори. Да не ви набројувам понатаму, ви порачувам да видите на лице место кој е мојот концепт и како се трошат народните пари за мандат од шест месеци. Прашајте ги и вашите директори кои не се сменети, само затоа што се успешни. Јас тоа го ценам и не СЕЧАМ ГЛАВИ по секоја цена како вас. Околу парите за неисплатеното грозје,- Мачно заработените пари на лозарите не им ги дава Свето Јаневски, кому вие на поклон му ја подаривте Винарската Визба Тиквеш, па тој да си игра со народот како што ќе му се ќефне. Субвенциите да ве потсетам започнаа да се исплаќаат пред Нова Година. Приемниот ден беше одложен од реална опасност, но граѓаните без проблеми секојдневно беа примани во мојот кабинет, а најмногубројни беа оние ИЗМАМЕНИТЕ од вас и вашата политика. Ги примав и им помагав колку што е мојот домен и колку ми налага човечкото во мене , а не ги упатував на ваша адреса ЗА ПОВТОРНО ДА НЕ ГИ ИЗЛАЖЕТЕ. За театарот во Свети Николе. Јас лично не гледам ништо спорно во тоа еден градоначалник на покана од институција под негова надлежност, а патем и на покана од градоначалникот на местото каде куќата гостуваше да се направи АТЕР за подостојно претставување на кавадаречката култура. Ние лани создадовме култура а сега ја продаваме како наш врвен производ, а тоа го согледа и државата па ни додели статус на Град на КУЛТУРАТА во 2010 година За крај околу зборот КЛЕФКАМ- Ироничноста на зборот што беше упатен само до еден советник кој за Кавадарци Е МИНАТО СВРШЕНО ВРЕМЕ очигледно само вие не сте ја разбрале. Тоа е ваш личен проблем, или пак поблизок ви е прилепскиот отколку кавадаречкиот дијалект кој топло ви препорачувам да го совладате бидејќи разликата е огромна. Можеби не ви годи да го коментирате зборот АКАМ што исто така го употребив кон господинот, или пак не разбирате дека тоа значи РАБОТАМ. За крај би ви препорачал: Театарот гледајте си го во својата куќа. Ако вие не гледате или не сакате да видите каде и како се движи општината од април лани до денеска, народот гледа па ќе пресуди кога за тоа ќе дојде време. Јас се АКАМ, а вие драги господа од СДСМ уште многу ќе КЛЕФКАТЕ додека го снесите нашето јајце. ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ГРАДОНАЧАЛНИК Дипл.прав.Александар Панов
|




