|
| ПРОЕКТИ |
|
Проектот “Заеднички општински услуги во областа на урбанизмот, финансиите и таксите” е добиен преку Програмата за развој на Обединетите нации по Програмата” Меѓуопштинска соработка за испорака на подобри услуги и ЕУ пристапување”. Целта на проектот е да се компензира недостатокот од капацитет на Општина Росоман преку подготовка и испорака на брзи, навремени и квалитетни услуги од страна на Општина Кавадарци во областа на урбанизмот, таксите и даноците. Во рамките на проектот се спроведе регистарaција на даночните обврзници и за таа цел се формираа 7 Комисии за регистрација кои работат на терен и ја спроведат регистрацијата. Комисиите се составени од 7 државни службеници и 15 надворешни лица-невработени млади луѓе од двете општини. На 15-те надворешни лица им беше одржана обука од искусни државни службеници од Општина Кавадарци за правилно пополнување на даночните формулари согласно Методологијата од Министерството за финансии. Паралелно со регистрацијата на даночните обврзници и работата на терен, во општините ќе се комплетира базата на даночни обврзници. Знаејќи го фактот дека Општина Росоман нема задоволувачки урбанистички план што ги исполнува барањата на жителите, ќе биде побарано Секторот за урбанизам и комунални работи од Општина Кавадарци да имплементира процедура за подготовка на урбанистички планови, планови за урбанизација и инспекција за Општина Росоман.Таргет група во овој проект се двете општини и вработените задолжени за урбанизмот, финансиите, таксите и даноците. Со имплементацијата на проектот се набавија компјутери и комуникациска опрема и ќе се направи и пушти во функција ИТ мрежа помеѓу Општина Росоман и Општина Кавадарци, и ќе се редизајнира базата на даночни обврзници во двете општини. Истовремено се спроведе медиумска кампања и средби со граѓани со цел да се подигне свесноста на граѓаните за наплата на локалните даноци и такси. Вкупната вредност на проектот е 1.414.500,00 денари во која Општина Кавадарци учествува со 176.675,00 денари, од кои 65.000 денари во готово, а останатото 111.675 ден е учество во средства.
|
|
Проект “Чистење на речното корито на р. Луда Мара и санирање на диви депонии на територијата на Општина Кавадарци” Проект за времено ангажирање на невработени лица со социјален статус преку извршување на јавни работи. Овој проект е согласно Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2009 година по Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2008-2012. Вкупната вредност на проектот изнесува 1.618.000.000 и се добиени средства од страна на Владата на Република Македонија во износ од 945.000.000 денари. Со проектот за период од 5 месеци времено се ангажирани 30 лица со социјален статус, долгорочно евидентирани невработени и ниско квалификувани лица.
|
|
Проект “Интервенти мерки за санирање на дел од последиците од глобалната економска криза во земјоделството и руралниот развој” чија главна цел е санирање на последиците од глобалната економска криза со давање помош на земјоделците во вид на средства за заштита на лозов насад (фунгициди, хербициди, инсектициди) за лозаропроизводители од Oпштина Кавадарци. Општина Кавадарци со овој проект им исплати помош на 54 земјоделци во вид на средства за заштита во вредност од 433.810 денари. Проектот е реализиран во 3 општини од 2 Плански региона- Вардарски и Југоисточен плански регион. Целна група на проектот беа евидентирани индивидуални земјоделци во единствениот регистар на земјоделски стопанства на РМ и регистрирани индивидуални земјоделци – ИЗ, во Централниот Регистар на РМ. Вкупната вредност на проектот е 33.486 американски долари и во него беа вклучени општина Кавадарци, општина Свети Николе и општина Лозово. Вредноста на средствата за заштита на лозов насад за општина Кавадарци беа во висина од 433.810 денари, а сопственото учество на општина Кавадарци изнесуваше 123.000 денари.
|
|
Проект “Доградување на регулација на коритото на реката Луда Мара” во должина од 127 метри од двете страни со поплочување на пешачките патеки и бетонирање на петеките за ролери, за кои е аплицирано и се одобрени средства од Фондот за води на Република Македонија во висина од 4.000.000 денари. Во тек е тендерот за набавка на односните активности и материјали за изградба на кејот.
|
|
Проект “Регулација на речно корито на река Луда Мара”. Во текот на 2009 се реализирани 170.000 евра од вкупната вредност на проектот односно се завршени 70% од предвидените работи за регулација на речното корито во должина од 650м од двете страни со поплочување на пешачките патеки и бетонирање на петеките за ролери.
|
|
Проект “Интегрирана програма за развој на човечки ресурси”. Во текот на 2009 година за потребите на овој проект односно за доопремување на Винската куќа-Кавадарци со инвентар се реализирани вкупно 11.385.405 денари.
|
|
Проект- Субвенционирање на дел од економско туристичката манифестација “Тиквешки Гроздобер”. Со овој проект аплициран согласно објавениот оглас за субвенционирање на правни лица, владини и невладини организации за манифестации од стопанско – туристички карактер , а врз основа на програмата за работа на Владата на Република Македонија, се добиени средства од страна на Министерството за економија во висина од 60.000 денари.
|
|
Адреса :
Општина Кавадарци
"Маршал Тито" бб
тел: 043 416 107
e-mail:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
|
|
|
|
Кој е онлајн
Има 367 гости присутни
|