Општински органи PDF Печати Е-пошта
ОПШТИНСКИ ОРГАНИ

Општина Кавадарци е единица на локалната самоуправа, во која граѓаните го остваруваат правото на локалната самоуправа непосредно и преку претставниците во органите на општината. Општината самостојно во согласност со закон и со свој Статут врши работи и превзема активности од локално значење кои не се ставени во надлежност на државната власт. Општина Кавадарци врши и определени работи од надлежност на органите на државната управа што ќе и ги довери Република Македонија со закон.


Органи на општината се:

  • Совет

  • Градоначалник

  • Управни и административни органи

  • Главен архитект на градот


Општина Кавадарци се простира на територија од 391 км2. Подрачјето на општината е утврдено со Закон и ги опфаќа подрачјата на населените места.

 

1.

Бегниште

2.

Брушани

3.

Ваташа

4.

Возарци

5.

Галиште

6.

Гарниково

7.

Глишиќ

8.

Грбовец

9.

Дабниште

10.

Добротино

11.

Драгожел

12.

Драдња

13.

Дреново

14.

Ќесендре

15.

Кошани

16.

Марена

17.

Праведник

18.

Раец

19.

Ресава

20.

Сопот

21.

Фариш

22.

Шешково

23.

Шивец

 

 


Надлежност на општинските органи:

Општината самостојно со свои акти ги уредува и ги врши следните работи:

Донесува програми за развој од значење за Општината и граѓаните за прашања од својата надлежност ;

Го уредува начинот на одржување и користење на парковите и другите јавни површини од локално значење;

Поттикнува и создава услови за развој и работа на занаетчиството, туризмот и угостителството;

Го уредува одржувањето на јавниот простор за паркирање и начинот на негово користење;

Го уредува чистењето на оџаците;

Покренува иницијативи, дава мислење и предлози за развој на мрежата на установи од областа на културата, спортот, социјалната и детска заштита, предучилишното образование, основна здравствена заштита, заштита на животните и билките, заштита и унапредување на животната средина, како и во други области од значење за интересите на граѓаните во општината

преку свои претставници учествува во работата и одлучувањето во органите на управување на училиштата на основното образование и во установите од областа на културата, спортот, социјалната и детска заштита, предучилишното образование, здравствената заштита, заштитата на животните и билките и унапредување на животната средина;

Врши и други работи утврдени со Статутот или одлука на органите на општината.

 

Општината самостојно во согласност со закон ги уредува и врши следните работи:

ги врши работите на уредување и употреба на градежното земјиште;

утврдува зони и собира земјишна такса;

го уредува и организира градењето и одржувањето на локалните патишта, улиците и други инфраструктурни објекти од локално значење;

ги определува имињата на улиците, плоштадите, мостовите и други инфраструктурни објекти од локално значење;

го уредува и организира снабдувањето со вода за пиење и одводнување на отпадните и атмосферските води;

ги уредува и организира работите сврзани со јавната чистота;

ги уредува и организира работите сврзани со јавното осветлување;

го уредува начинот на превоз на градскиот, приградскиот односно локалниот сообраќај;

го уредува одржувањето на уличната и сообраќајната сигнализација;

го уредува одржувањето на гробиштата, спомениците и спомен-обележјата и начинот на користење;

ги уредува регулацијата, одржувањето и користењето на коритата на реките;

го уредува одржувањето и користењето на јавните пазаришта;

може да основа информативни гласила од значење за локалната самоуправа;

може да основа средни стручни училишта;

дава мислење при основање на основни училишта;

може да финансира објекти на основни училишта над нивото што го обезбедува републиката;

врши работи од областа на цивилната заштита;

врши одделни овластувања врз добрата од општа употреба и врз природните богатства на подрачјето на општината;

врши и други работи утврдени со закон.

 

Општината во рамките на своите надлежности:

донесува Статут;

донесува буџет и завршна сметка;

основа управни и административни органи;

основа јавни служби, јавни установи и јавни претпријатија за вршење на работите од локален карактер во согласност со закон (во областа на комуналната дејност, изградба и одржување на локалната патна мрежа, спорт, рекреација и др.) и врши контрола над нивната работа;

основа инспекциски органи и служби (комунална, за сообраќај и др.) за областите за кои општината има самостојна надлежност во уредувањето и остварувањето на работите од тие области (комунална, за сообраќај и др.);

донесува програма за уредување на градежно земјиште;

донесува и други општи акти.

 

Општината во согласност со надлежните органи на државната управа ги врши следните работи:

донесува генерален урбанистички план на кој органот на државната управа надлежен за работите на урбанизмот дава согласност;

донесува детален урбанистички план и урбанистичка документација за населените места на општината на кои органот на државната управа надлежен за работите на урбанизмот дава согласност по претходно мислење од други органи;

може да основа како и да финансира изградба, опремување и одржување на установи од областа на предучилишното воспитание, културата, спортот, социјалната и детската заштита, основната здравствена заштита и унапредување на животната средина, како и во други области од знашење за интересите на граѓаните на општината над нивото што го обезбедува Републиката.

 

Пребарување

Анкета

Дали сте задоволни од услугите на општината?
 

Кој е онлајн

Има 301 гости присутни
Општина Кавадарци