| Градоначалникот на Кавадарци приреди прием за официјалните претставници на ЕУРО 2010 |
|
|
|
|
ДРУЖЕЊЕ ВО ВИНСКАТА КУЌА Панов на гостите им посака пријатен престој во Кавадарци На првиот слободен ден од Европското кошаркарско првенство за Жени до 20 години „Б“ Дивизија, што беше во понеделникот на 19 јули, домаќинот и соорганизатор на шампионатот, градоначалникот на Општина Кавадарци Александар Панов приреди прием за службените претставници на репрезентациите учесници, како и за официјалните лица на ФИБА Европа.
Во поздравниот говор домаќинот Панов истакна дека е горд што градот е домаќин на значаен европски спортски натпревар. Притоа потенцираше дека ова е прв пат градот да е домаќин на официјално европско натпреварување, па однапред се извини за евентуалните пропусти и истакна дека тие сигурно нема да бидат намерни. Изрази надеж дека ова искуство како и позитивните критики од учесниците ќе овозможат градот со надминувањето на негативните искуства да се избори во блиска иднина и за некое друго позначајно спортско натпреварување. На гостите им посака пријатен престој во градот со ветување дека тој и општината ќе направат се спортистите, официјалните лица и стотината росители на кошаркарките во Кавадарци да се чуствуваат како дома. Притоа на сите им подари брошура „Боите на Тиквешијата“ како и мапа на регионот и градот. Во името на ФИБА Европа се обрати официјалниот делегат Павел Бурда од Чешката Република. Тој искажа задоволство од досегашниот тек на организацијата и натпреварите. Искажа пофални зборови за досегашниот престој, особено за приемот од страна на градот и населението,а со позитивни зборови и за организацијата на самото натпреварување. Во рамките на вториот слободен ден во четвртокот на 22 јули за истите гости градоначалникот Панов ќе организира посета на античкиот град Стоби.
![]() |






