Момчиња од Кавадарци на летен камп во Маврово PDF Печати Е-пошта

ПРЕТСТАВЕТЕ ЈА ОПШТИНАТА ВО НАЈУБАВО СВЕТЛО

Вака гласи пораката од градоначалникот искажана на  приемот во кабинетот

Во организација на Американскиот мировен корпус во Македонија, од 25 во 31 јули на Маврово ќе се одржи летен камп за момчиња  на возраст од 13 до 17 години. Општина Кавадарци на овој камп ќе биде застапена со 4 деца и тоа  Драган Танчев  (17), Диме Еленов (15), Ѓорѓи Шемов (13) и Лазар Николов (16). Нивни ментор е волонтерот од  АМК во Кавадарци  Кристин Мур која заедно со нив ќе присуствува во одмаралиштето Бунец на Маврово.
img_3108
Градоначалникот Александар Панов во својот кабинет ги прими децата кои на кампот ќе ја претставуваат нашата општина. Тие го запознаа со целите на  нивниот престој во Маврово. Панов пак од своја страна им посака пријатен престој во кампот, и им порача достојно да ја претставуваат општината, и од таму да се вратат најмалку втори и да не дозволат да се наруши сликата за Општина која е во врвот на македонските локални самоуправи. Инаку според изјавата на Кристин Мур, кампот во Маврово  има за цел децата од Македонија преку дружење со претставниците на Мировниот корпус и своите врсници да ги осознаат западните вредности и традицијата на живеење. Ќе се запознаат со вреднотите на граѓанското општество, а ќе бидат разработени и повеќе различни теми меѓу кои и Како да се биде лидер, потоа Етичко донесување на одлуки, Тимска работа, Личен Развој, вклучително здрав живот- начин на исхрана, штетност на пушењето и алкохолот, потоа ќе учат како се игра американски фудбал, безбол, како и читање на географски карти и ориентација во просторот. Во кампот ќе се предава целосно на англиски јазик, а покрај тоа ќе се организиаат и почетни курсеви за кинески и германски јазик. Коорганизатор е Црвениот крст на Македонија, кој ќе обезбеди постојано присуство на лекарски тим. Трошоците за престојот се целосно спонзорирани, а учесниците ќе треба да платат само за пат од своето место на живеење до Гостивар. Покрај стотината деца од Македонија учесници на кампот ќе бидат и триесет обучувачи волонтери од  Американскиот Мировен Корпус.
img_3100 img_3101 img_3103 img_3106 img_3107
 

Пребарување

Анкета

Дали сте задоволни од услугите на општината?
 

Кој е онлајн

Има 466 гости присутни
Општина Кавадарци