Вечер на Американскa култура во Кавадарци PDF Печати Е-пошта

Проект финансиран од Амбасадата на Соединетите Американски Држави и Општина Кавадарци.

На ден 17.07.2010 во соработка со Амбасадата на Соединетите Американски држави, Општина Кавадарци и Американскиот корнер од Штип за прв пат во нашата општина се  организира Вечер на Американска култура.

Започнувајќи во 17:00 часот во Малото паркче ќе се одржи работилница на млади до 18 години. Учесници ќе бидат млади од Американско катче Штип и млади од Кавадарци, кои  ќе изработат маски и ќе презентираат ликови од Американската историја пред присутните гости. Во 18:00 часот младите со присуство ќе ги удостојат Градоначалникот Александар Панов и Амбасадорот на САД, Неговата Ексцеленција Филип Рикер со неговата придружба.

Настанот продолжува во Домот на Културата, во кој што говор ќе земат Градоначалникот и Амбасадорот. Во 19:00 часот започнува презентацијата на Американската култура и историја проследена со Американски џез во изведба на бендот ЈААМ од Кавадарци и видео презентација .

Настанот ќе заврши во 21:00 часот по што  следува коктел за присутните гости.

PlakatJazz

 

Пребарување

Анкета

Дали сте задоволни од услугите на општината?
 

Кој е онлајн

Има 470 гости присутни
Општина Кавадарци