Општината Кавадарци се претстави во Скопје во склоп на Вардарскиот плански регион PDF Печати Е-пошта

   Свои штандови имаа Општините од Вардарскиот плански регион

                  Во организација на ЗЕЛС на плоштадот Македонија во Скопје се одржа презентација на општините од вардарскиот плански регион. Општината Кавадарци на својот штанд презентираше производи карактеристични за поднебјето вино и традиционална храна.

    img_2678    img_2692  img_2667

 Свои производи изложија винариите: Попов, Чекоров и Грков, беше застапен и производителот на енергетскиот пијалок осд шира Ерос. Традиционалната храна ја подготви ресторанот Ексклузив. Општината се претстави со туристичкиот водич на македонски и англиски „Боите на Тиквешијата“ како и со новата туристичка мапа на  Кавадарци и  на регионот каде се прикажани приодите кон општината и градот од автопатот Е 75 и регионалните патни правци, потоа градот, улиците, јавните, стопанки историјски и културни објекти. За цело време на претставувањето на штандот беше присутен и градоначалникот Александар Панов кој се сретна со г. Пеер Бутке Андерсон од Комесаријатот на Европската Унија за региони, а притоа му ги претстави и традиционалните производи од Тиквешијата. Во изјавата за национални и локални медиуми, Панов го потенцираше значењето на ваквите презентации за пошироката јавност. По традиција на ваквите настани кавадаречкиот штанд привлече најголемо внимание. Свои штандови имаа и општините Велес, Неготино, Росоман, Демир Капија, Градско, Чашка, Свети Николе и Лозово.

img_2705  img_2669  img_2676  img_2688                                   img_2699

 

Пребарување

Анкета

Дали сте задоволни од услугите на општината?
 

Кој е онлајн

Има 452 гости присутни
Општина Кавадарци