| Поставени нови клупи и корпи за отпад на повеќе локации во градот и Ваташа |
|
|
|
|
Поставени се триесет нови клупи и исто толку корпи за отпад Согласно програмата за комунално уредување општината на повеќе улици и локации во градот и Ваташа постави нови клупи и корпи за отпадоци. Станува збор за количина од 30 клупи и исто толку корпи кои се распоредени на улиците: 7ми „Септември“ од Јаворот кон градскиот парк на тротоарот, на ул„Мито Хаџи Василев-Јасмин пред гимназијата, пред училиштето корпи и клупи во училишниот двор на ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“, како и во паркот Полана.
Урбана опрема е поставена и на ул „ЈНА“ од собранието кон првиот триаголник, на ул „Пано Мударов“ кај црквата, како и на влезовите во градскиот зелен пазар. На МЗ Ваташа се доделени летви избичени од дрвата што се исекоа од градскиот плоштад за да се обноат клупите во селото. Општината изврши замена на клупите и корпите за отпад пред СП Маркет каде беа поставени нови, а старите по репарацијата ќе бидат поставени на нови локации во градот. Целиот зафат изнесува 300 000 денари, а извршител на работите е кавадаречката фирма „Горан“ со која општината досега има одлична соработка.
|









