Асфалтирана најоштетената улица во строгиот центар на градот PDF Печати Е-пошта

 

Со асфалтирање опфатени и две третини од ул„Браќа Хаџи-Тефови“

 

                     Општината трајно санира уште едно тесно сообраќајно грло во најстрогиот центар на градот. Со пари од комуналниот фонд во висина од над три милиони денари се изврши целосна замена на гранитната коцка со нов слој асфалт на улицата „Киро Спанџов“ во должина од над 500 метри.                              

podgotvitelni raboti ul. kiro spandzov 21                           asfaltiranje ul kiro spandzov 1podgotvitelni raboti ul. kiro spandzov 1

 

                     Асфалтирањето го изврши оперативата на ГП „Пелагонија“, а подготвителните работи ГП „Градба промет“ од Кавадарци. Оваа улица беше една од најоштететните откако пред некоја година на истате се изврши целосна реконструкција на водоводната и канализационата мрежа. Со целосното асфалтирање сега таа е доведена во состојба на оптимална проодност. Во рамките на истиот зафат општината изврши покривање со нов слој асфалт и на повеќе од две третини од улицата „Браќа Хаџи –Тефови“, како и на кракот кон задниот влез во зградата на Општината. Овој потег исто така беше оштетен а одвивањето на сообраќајот отежнато. Сега на овие две улици граѓаните имаат оптимални услови за комуникација во централното градско подрачје. Локалната самоуправа со гранитната коцка од улицата „Киро Спанџов“ ќе изврши реконструкција на повеќе споредни улици во градот и селата

asfaltiranje ul kiro spandzov 2  asfaltiranje ul kiro spandzov 6  asfaltiranje ul kiro spandzov 8  podgotvitelni raboti ul. kiro spandzov 3

 

Пребарување

Анкета

Дали сте задоволни од услугите на општината?
 

Кој е онлајн

Има 325 гости присутни
Општина Кавадарци