Локалната самоуправа Кавадарци ќе заштити стар бунар PDF Печати Е-пошта

ДА ПОТСЕТУВА НА ЕДНО МИНАТО ВРЕМЕ

Околу бунарот се плетат најразлични злобни и добронамерми приказни. Но ова е вистината

IMG_1396           IMG_1278

При изведувањето на подготвителните земјани градежни работи на градскиот плоштад, оперативата на „Градба промет“ откри бунар. Станува збор за стара градба која е исвонредно сочувана. Веднаш по откривањето на бунарот на лице место излегоа стручните тимови на Музеј-Галерија Кавадарци. Тие констатираа дека бунарот е добро сочуван, а на самото место веднаш беше и градоначалникот Александар Панов.

Деновиве под надзор на надлежните Општината ангажира искусен мајстор кој треба да го доѕида бунарот над нивото на плоштадот. Идеата на Локалната самоуправа околу вклопувањето на бунарот во амбиентот на новиот градски плоштад е благородна и со соодветна порака до сите кавадарчани.

Во целата своја историја градот со вода за пиење се снабдувал токму преку бунари со градба и структура како овој на плоштадот. Според историските сознанија вакви бунари имало на повеќе места. Постарите кавадарчани се сеќаваат дека овој лоциран на „Пладништето“ односно сегашниот плоштад, во најголем дел од своето постоење имал јавна функција иако во различни периоди го менувал титуларот на сопственост, но сепак од него граѓаните полнеле вода. Нема податок кога бунарот е покриен со импровизиран бетонски поклопец. Ианку функцијата на градските бунари престанува неколку години по ослободувањето кога во градот е изградена првата водоводна мрежа. Сега стари бунари има само во неколку дворови, а нивните сопственици се гордеат со богатството кое го поседуваат.

Поаѓајќи од фактот што бунарите за сегашните генерации се непознаница, Локалната Самоуправа реши да го зачува овој на плоштадот како споменик на едно време. Затоа се превземени активности за негова реконструкција. Идејата е  бунарот да потсетува на едно минато време, младите да видат што е тоа бунар, а сите заедно тој да не потсетува дека благодетот што го поседуваме преку системот „Лукар“ а кој безразборно го трошиме мора повеќе да го цениме. Според стручњаците многу е близу времето кога водата за пиење се помалку ќе ја има. Затоа Бунарот на плоштадот ќе стои  да не потсетува на минатите времиња , а воедно и да не опоменува на нашиот неодговорен однос кон богатството од „Лукар“ како и на егоизмот на оние кои водата за пиење ја користат ненаменски не мислејќи на соседите и сограѓаните. Пораката од општината е благородна и добронамерна: Кој ќе ја разбере добро, а за другите...

  IMG_1280IMG_1282

 

 

Пребарување

Анкета

Дали сте задоволни од услугите на општината?
 

Кој е онлајн

Има 356 гости присутни
Општина Кавадарци