Општина Кавадарци
Новиот кеј ја смири реката Луда Мара PDF Печати Е-пошта

          Кавадарци и официјално го доби во употреба реконструираниот кеј во должина од околу 2 километри.  Проект со кој покрај средување се изврши и регулација на речното корито на реката Луда Мара.  Изградбата на новото градско шеталиште ја помогна Европската Унија со 250 илјади евра, а во финансирањето општината учествуваше со  2,5 милиони денари.

 img_9741

Повеќе...
 
Проект за поддршка на жените жртви на семејно насилство PDF Печати Е-пошта

Кавадарци, Скопје, Битола, Тетово, и  Куманово се општините каде што ќе се спроведува програмата за економско зајакнување на жените жртви на семејно насилство. Со истата се предвидуваат 50 самовработувања до крајот на годинава.         

 IMG_9359

Повеќе...
 
Груевски во Кавадарци PDF Печати Е-пошта

Во Кавадарци е пуштена во употреба првата зграда за лица приматели на социјална помош со што вкупно 30 семејства од градот ќе го решата своето станбено прашање. Станбениот објект е со површина од 1.230 метри квадратни и вкупно 30 станови, а вредноста на објектот изнесува 54 милиони денари односно околу 900 илјади евра. Средства се обезбедени од буџетот на државата, рече премиерот Никола Груевски на пуштањето во употреба на овој станбен објект.

    81

Повеќе...
 
Се гради Градскиот Плоштад PDF Печати Е-пошта

 

Започна изградбата на новиот плоштад. Со градежните активности од првата фаза од овој проект вредна 450 илјади евра се очекува целосно изградбата да заврши до 15 јули кога Кавадарци е домаќин на европското кошаркарско првенство за девојки до 20 години. Изведувачи на работите се повеќе кавадаречки градежнии фирми а како носител на работата е Градба промет. Најголем дел од парите за првата фаза ги донира компанијата Фени индустри“ која ги обезбеди парите за гранитните плочи  со кои ќе биде покриен плоштадот. Како донатори ќе се појават и фирми во  сопственост на бизнисмени од Скопје со потекло  од Кавадарци, а со свои донации се вклучени и други фирми од кавадаречката бизнис заедница како и фирми на истакнати бизнисмени од Скопје што имаат  објекти во Кавадарци Втората фаза, која вклучува и подземен коридор ќе се реализира откако ќе се обезбедат пари.

Obelisk_1

Повеќе...
 
Порака до граѓаните PDF Печати Е-пошта

Обраќање  до Јавноста:

Почитувани Граѓани.  Деновиве сте сведоци на засилени градежни активности за реконструкција на постојниот градски плошта со цел нагово осовременување и разубавување. Целосно сум свесен за најразличните коментари во јавноста, особено околу три работи, привременото дислоцирање на Споменикот на револуцијата, дислокацијата на фонтаната, како и за сечењето на десттината  дрва четинари.

   20

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 3 од 10

Пребарување

Анкета

Дали сте задоволни од услугите на општината?
 

Кој е онлајн

Има 451 гости присутни
Општина Кавадарци